Data Analyst – Обуки по германски стандарди
Податоците се основата на дигитализацијата. Речиси во сите сектори постои потреба од стручни лица кои можат да го искористат овој „капитал“ и со тоа ги направат работните процеси поефикасни и иновативни и на тој начин да создадат дополнителна вредност.
За таа цел, АХК С. Македонија во соработка со Германската стопанска комора од Берлин (DIHK), во периодот од 25 август до 16 декември нуди онлајн обука за Data Analyst по германски стандарди. Обуката опфаќа 57 часа онлајн учење и е наменета за специјалисти од сите сектори кои имаат основно разбирање за податоците и обработката на податоците.
– Онлајн обука на англиски јазик со искусни експерти
– Разновиден концепт за комбинирано учење кој осигурува оптимален успех во учењето
– 57 часа онлајн обука + 26 часа програма за самостојно учење
– AHK-сертификат (на германски и англиски јазик) вклучително и дигитална AHK-значка за социјалните мрежи, потпис на е-пошта итн.
Link
За повеќе информации, контактирајте нè на Service@Nordmazedonien.AHK.de


Leave a comment